Јуриј Алексеевич Гагарин е советски космонаут, кој на 12 април 1961 за првпат во историјата на човештвото се вивна во вселената и е прв човек што ја прелетал Земјата околу нејзината орбита. По летот, кој траел 108 минути, тој се спуштил јужно од Саратов.

По тој повод денес и утре се организираат настани во рамките на Меѓународниот ден на космонаутика.

Денес Амбасадата на Русија во Македонија во 12 часот организира полагање свежо цвеќе пред споменикот на Јуриј Гагарин (улица Јуриј Гагарин, наспроти Министерството за економија).

Утре, пак, во „Скај-бар“ на хотелот „Русија“ ќе се одржи неформален настан „Yuri’s Night“ со поддршка на Амбасадата на Русија во Република Македонија и почесен конзулат на Русија во Битола.