Вработените во туристичкиот сектор попладнево одржаа протестен марш. На маршот, кој заврши пред Влада, туристичките работници упатија барања за помош од државата поради, како што велат, големиот удар кој го предизвика ковид-пандемијата врз туристичките агенции.
Поради пандемијата, границите се затворени, а вработените во туристичките агенции пет месеци се без работа. Тие исто така ќе мора да ги затворат агенциите и да ги отпуштаат своите вработени.
Туристичките работници за време на протестот се придржуваа до мерките за заштита од коронавирусот, како носење на маски и дистанцирање .