Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер беа пронајдени во пештерата во која се загубија, во Тајланд, по деветдневна потрага.
Групата се наоѓа на растојание помеѓу 800 и илјада метри под земјата, на два километри во внатрешноста на пештерата, во која се загубија на 23 јуни, откако беше поплавена во врнежите.
Повеќе од една илјада припадници на тајландската армија се наоѓаат на терен, заедно со спасувачки екипи од седум држави, а се претпоставува дека акцијата за нивно извлекување би можела да трае повеќе месеци.