Велигденските прослави продолжуваат за време на изолацијата
Католичките свештеници ширум светот продолжуваат со одржување на велигденската миса, притоа експериментирајќи со нови форми на богослужба, бидејќи во многу земји сѐ уште траат мерките за изолација поради пандемијата од коронавирусот.
Некои свештеници ги одржуваат обредите онлајн преку мобилни телефони, додека црквите се празни, а во други земји традициите продолжуваат нормално, без да се почитуваат повиците за ограничување на движењето и социјалното дистанцирање за време на пандемијата.