Љубителите на филмовите „Војна на ѕвездите“ жалат затоа што заврши филмскиот серијал, но сепак можат да ги посетат локациите на кои биле снимани познатите филмови.
Декември беше тежок период за обожавателите на „Војна на ѕвездите“. На 19 декември, беше претставен финалниот дел од неодамнешната трилогија „Подемот на Скајвокер“. Со него заврши фимската приказна која траеше 42 години.
По загубата на Кери Фишер попозната како принцезата Леја во 2016 година, заедно со сознанието дека „Подемот на Скајвокер“ претставува крај на една ера, се зголеми возбудата кај јавноста за објавувањето на филмот.
Сепак, љубителите на „Војна на ѕвездите“ можат одново да ја доживеат филмската сага преку посета на локациите каде што е сниман филмскиот серијал.