Британскиот принцип Филип денеска беше погребан во капелата „Сент Џорџ“ во замокот Виндзор, на интимна церемонија во тесен круг на роднини, во согласност со епидемиолошките мерки.
Триесетте присутни гости, со маски, седеа на оддалеченост од два метра, додека четиричлен хор ги пееше делата избрани од војводата од Единбург. Телото на принцот, на крајот од службата беше сместено во кралската крипта во капелата. Претходно се одржа поворка во која ковчегот беше пренесен до местото на почивање.
Принцот Филип почина минатата недела на 99-годишна возраст.