Боенки со ликовите на принцот Хари и на Меган Маркл, хартиени исечоци, маски и кукли што го претставуваат среќниот пар, обетки, храна, како и облека за домашни миленици, се меѓу производите инспирирани од кралската венчавка што ќе се одржи в сабота, а кои се продаваат во Велика Британија.
 
             
		
































 
             
             
             
             
             
             
             
             
             
             
             
            
