Коронавирусот не го спречи одржувањето на културната манифестација „Бела ноќ“. Шеснаесеттото издание се одржа една недела порано од вообичаеното, на десет локации (паркингот пред СРЦ „Борис Трајковски“, МКЦ, зеленото пазарче, плоштадот „Ибни Пајко“, Музејот на современата уметност, домот на културата „Кочо Рацин“, Архитектонскиот факултет, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и Даутпашиниот амам) посетителите уживаа во перформансите, концертите, изложбите и другите културно-уметнички активности.
Годинава централниот настан беше „Скопските евергрини“ ќе се одржи на паркингот пред СРЦ „Борис Трајковски“.