Мало парче земја на источната граница на Молдавија со Украина се оддели од матичната држава, прогласувајќи независност по падот на Советскиот Сојуз во 1990 година. Потоа следеше четиримесечна војна со околу 700 жртви, по која Молдавија не се меша во внатрешните работи на регионот познат како Транснистрија, или Приднестровие, но и натаму не ја признава неговата независност (не е признаена од ниту една држава). Тоа, сепак, не ја спречува Транснистрија (има 642 илјади жители и површина од 4.163 квадратни километри) да биде уредена како претседателска република и да има свој устав.