Украинецот Шевченко во конкуренција на 1.500 вљубеници во трчањето стана победник на годинашното издание на „Скопскиот маратон“, кој се трчаше под посебни протоколи и мерки поради пандемијата на ковид-19 .
Одличен пласман оствари најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски со време од 2:31.16 часа, тој пристигна втор на целта. Ивановски на тој начин стана победник на Државното првенство на Македонија во маратон. Третото место му припадна на Србинот Кристијан Тошиќ, со време од 2:39.37 часа. Зад тројцата најбрзи завршија македонските атлетичари Александар Кираџиев, Марјан Бонев, Кокан Ајановски и Сашо Богојевски.
Во женска конкуренција првото место и припадна на албанската атлетичарка, Луиза Гега, со време од 2:35.34 часа, додека во полумаратонската трка во женска конкуренција победи Миљана Ристиќ со време 1:26.31 часа.
Новинарската екипа на дневниот весник „Нова Македонија“, во состав Антонија Поповска, Радмила Заревска и Сања Јачевска, засилена со ликовно-графичкиот уредник, Гоце Цветаноски, ја продолжи повеќегодишната традиција на Скопскиот маратон со настапот на полумаратонот, на 21 км.