Луѓе од сите страни на светот доаѓаат на познатиот музички фестивал Коачела во Калифорнија, САД, и остануваат за забава, но и за да уживаат во модата.
Во текот на изминатите 20 години, фестивалот се претвори во своевидна модна ревија, каде што посетителите се појавуваат во најразлични ексцентрични комбинации на калифорниската „модна писта“.
Коачела е еден од најпрофитабилните светски фестивали, каде што настапуваат најпознатите светски музички ѕвезди, но и музичари во подем, со што секое издание соборува рекорди во посетеноста, како и во заработката.