Дуња и Даела се родени во дивина но израснале во шатор. Во 2018 година пристигнаа во Скопската зоолоошка градина и се неразделни другарки. Даела е африканска шумска слоница – џуџест вид, а Дуња е е индиска слоница. Нивната исхрана се соостои од сено, јавор, бамбус, јаболка, моркови, кикиритки во лушпа и путер од кикиритки.
Дуња и Даела поради необичниот начин на капење, минатата година беа хит на американските телевизии во Мајами, Денвер, Минесота, Лос Анџелес и Бостон, засенувајќи ги сите останати вести.
Од зооошката градина велат дека слониците се многу интелигентни, итри и инаетливи. Даела е помала и пољубопитна, попалава, нонстоп нешто истражува, мудра е, снаодлива. Додека Дуња е попасивна.