Фото: Маја Јаневска-Илиева

Секој 26 октомври Австрија го слави својот најголем национален празник. Денот го одбележува потпишувањето на Декларацијата за постојана неутралност во 1955 година. Оваа година Австрија славеше 70 години од неутралноста со воена парада, свечена заклетва на регрутите и обраќања на Александер Ван дер Белен, претседателот и Кристијан Стокер, канцеларот на Австрија.

Свеченоста се одржуваше на повеќе локации низ Виена, главната воена парада на регрути и воени возила беше пред Хофбург а војската ги претставуваше своите единици и на други плоштади низ центарот на Виена.