Домородното население порача дека нема да се откаже од борбата за заштита на дождовната шума во Амазонија која е зафатена од разорни пожари.
– Со секој изминат ден го гледаме уништувањето на дождовната шума преку инвазија и сеча на дрвјата – вели Хандерч Вакана Мура, еден од племенските лидери.
Припадниците на племето Мура (брои 18 илјади луѓе) ги бојадисаа телата со портокалова и црвена боја, се вооружија со лакови, стрели и палки, подготвувајќи се за битка против уништувањето на дождовната шума.