Познатото париско кабаре „Мулен руж“ неделава одбележува 130 години од неговото отворање. Шеесет изведувачи од 14 различни држави се дел од главниот настан на репертоарот „Фери шоу“, кој се изведува двапати секоја вечер.

Кабарето „Мулен Руж“ е изградено во 1889 година од Жозеф Олер, кој исто така бил сопственик и на театарот „Олимпија“ во Париз. Препознатлив знак за ова старо кабаре е црвената ветерница на покривот.

Познати изведувачи кои настапувале во „Мулен Руж“ се Жозефин Бејкер, Френк Синатра, Џејн Аврил, Едит Пјаф и други. Мулен Руж е исто така и предмет на цртежите на познатиот француски пост-импресионист и сликар Тулуз-Лотрек.