Ракометарите на Металург во финалната средба од купот на Македонија против екипата на Вардар направија големо ракометно изненадување совладувајки ја екипата на РК Вардар со 33:32 и тоа по изведувањето на пенали, откако пред тоа натпреварот во регуларниот дел по одиграните 60 минути заврши нерешено 29:29.
Вчерашниот финален натпревар покажа дека мотивот на екипата некогаш знае да биде решавачки фактор за постигнување на успех, а тој синоќа беше на страната на екипата на Металург.
Најефикасни ракометари на овој натпревар кај победничката екипа на Металург беа Александар Шпенде со 8 и Анте Токиќ со 6 голови.