Патот до исполнување на ветувањето за освојување на медал дадено од таеквондистот Дејан Георгиевски пред Летните олимписки игри во Токио, беше исполнет со голема борбеност и неизвесност, а потоа и со радост по постигнатиот историски успех, и покрај загубеното финале.
Тој по финалето го развиори македонското знаме, а потоа го прослави сребреното одличје и на церемонијата на доделувањето.
Георгиевски ја имаше поддршката од преостанатите македонски олимпијци и членови на македонската делегација во Токио кои со големо внимание ја следеа неизвесната финална борба.
Младиот таеквондист на тој начин стигна до вториот медал за Македонија по осамостојувањето и прв на Игрите во Токио. Претходно борачот Могамед Ибрагимов се закити со бронза во 2000 година.