Шесте блокови на окупирани улици во Сиетл сега познати како „Организираниот протест Капитол Хил“ или „ЧОП“, станаа средиште на антирасистичките протести во САД. „ЧОП“ која првично се нарекуваше „Чаз“ се најде во центарот на вниманието по низата судири меѓу демонстрантите и полицијата кои кулминираа со напуштањето на полициската станица во областа од страна на припадниците на полицијата.
Во изминатите три недели во „ЧОП“ имаше и пожари, а беа забележани барем четири оружени инциденти (во претходните 10 дена) во кои најмалку две лица ги загубија животите од шестмината што беа застрелани, според полицијата. Градските власти бараа од демонстрантите да ја напуштат областа.
Улиците на самопрогласената зона без полиција сега се под контрола на демонстрантите кои организираат бројни говори, предавања и прикажувања на филмови. Низ областа исполнета со барикади има знаци со натписите „Ова е само почеток“ и „Запомнете за кого се бориме“, како и со слоганот „Црните животи значат“.
Беа истакнати и повеќе барања за време на окупацијата, но главните три вклучуваат намалување на финансирањето на полицијата, користењето на тие пари за инвестирање во здравствените услуги во заедницитата и отфрлање на криминалните обвиненија против учесниците во протестот.