Изложбата на фотографии „Таму“ од Милчо Манчевски синоќа беше отворена во Музејот на современата уметност Скопје, а беше промовирана и книга фотографии под ист наслов.
На изложбата и во книгата се претставени 88 фотографии во боја, создавани на на улиците на Индија, Виетнам, Русија, Македонија, Тајван, Куба, Турција, Црна Гора и САД во текот на десетгодишен период.
Меѓу бројните љубители на фотографијата кои ја посетија изложбата беше и претседателот Стево Пендаровски.
Изложбата поддржана од Министерството за култура како дел од годинашната програма, ќе биде отворена до 1 ноември.