Познатиот уличен уметник Бенкси ја критикуваше политиката на францускиот претседател Емануел Макрон во врска со мигрантите, како и политичката состојба во Франција, преку шесте мурали насликани во Париз по повод Светскиот ден на бегалците (20 јуни).
На првиот мурал е прикажано девојче кое прецртува нацистичка свастика (ја критикува политиката на француските власти за мигрантите), вториот мурал претставува верзија на Бенкси на познатата уметничка слика „Наполеон ги преминува Алпите“ (го симболизира начинот на кој Макрон ја води државата), додека на третиот мурал е насликан маж кој му дава коска на куче без една шепа (укажува на начинот на кој политичарите го мамат народот). На преостанатите три дела се прикажани стаорци, кои ја симболизираат работничката класа.