Македонскиот сликар и хуманист Живко Поповски-Цветин денеска во дворот на редакцијата на „Нова Македонија“ ја врачи „Цветиновата награда за мир“ за 77-от роденден на првиот македонски дневен весник, кој над 35 години ја промовира и поддржува неговата мироносна мисија со „Цвеќето на мирот“.
– Многу сме почестени од наградата, со неа ја заокружуваме 35-годишната соработка, помеѓу „Нова Македонија“ и Живко Поповски-Цветин. Цветин и „Нова Македонија“ заеднички организирале многу свечености, а така ќе продолжиме и во иднина – рече уредникот на весникот Марјан Велевски, кој ја прими наградата во име на „Нова Македонија“.
На настанот беа изложени изложени и артефакти од почетоците на „Нова Македонија“ – машина за пишување, фотоапарат, телефон, букви за висок печат, клишеа и слично. Д.Ст.