„Мет гала“ е престижен добротворен настан организиран од Институтот за костимографија на њујоршкиот музеј „Метрополитен“ во Њујорк, е еден од најславните модни настани во светот. Познат по ексклузувните гости, скапите влезници, но најмногу од се, по екстравагантните облеки кои секоја година се базирани на различна тема.
Оваа година, темата беше во чест на есејот „Записи од кампот“ на писателката и политичка активистка Сузан Сонтаг. Во таа чест, костумите беа посветени на иронијата, хуморот, театралноста и претерувањето.