Фото: Игор Бансколиев


Денешното апсење на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева привлече големо внимание кај бројни екипи на медиумите кои беа присутни пред СЈО. По завршувањето на претресот Јанева беше изнесена од гаражата на СЈО со полициска придружба и упатена кон нејзиниот дом во Козле. Во метежот дојде до бркотница од страна на новинарите во обидот да го проследат спроведувањето на обвинителката. Обвинителството побара притвор за Јанева, бидејќи според нивните сознанија, таа стекнала имотна корист од 298.000 денари во аферата „Рекет“.