Разновидноста на културите на Сибир е претставена преку серијалот фотографии на Александер Кимушин, кој сликаше портрети на домородните народи во руската област.
Кимушин пропатувал 24 илјади километри за шест месеци, од Бајкалското Езеро до Јапонското Море, во текот на создавањето на фотографиите.
Серијалот е објавен во рамките на проектот „Светот низ лица“ (опфаќа 84 држави во текот на деветгодишен период), во кој Кимушин ги фотографира малите етнички заедници и со тоа ги овековечува нивните култура и традиција.