Шимпанзото Коко и другарите почнаа да се чувствуваат како дома и се прилагодија на одличните услови во Зоолошката градина во Скопје. Тие ги слушаат сите команди и уживаат во вежбите со зоо-негувателката Александра Спасовска.
Коко кој десет години беше на ресоцијализација во Холандија поради анксиозност и депресија, пред околу месец дена беше донесен во скопската Зоолошка, заедно со уште три шимпанза Мими, Роси и Хјасл.