Повремените врнежи на дожд и провејувањето на снегот не ги забавија скопјани во извршувањето на секојдневните обврски, како што се забележува на фотографиите на фоторепортерката на „Нова Македонија“ Маја Јаневска-Илиева. Жителите на главниот град најчесто носеа чадори додека се справуваа со временските услови.