Милиениумското опстојување на Охридската архиепископија, како еден од најзначајните јубилеи за македонската држава и народ, се одбележува со бројни културни, научни, академски, образовни и спортски настани, организирани на локално, но и на највисоко државно ниво.
Активностите се распределени да се одржуваат се до крајот на календарската година, во чии рамки се предвидени ликовни колонии, промоција на научни дела, поштенски марки, монети, училишни конкурси, издавање значајни публикации, организирање научни академски собири, па и спортски активности осмислени да го привлечат вниманието на пошироката јавност.