Екипата на документарниот филм „Медена земја“ се дружеше со познатите холивудски ѕвезди меѓу кои беа Роберт Де Ниро, Леонардо ди Каприо, Бред Пит и Квентин Тарантино, на церемонијалната вечера одржана во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, на која присуствуваа сите номинирани за овогодинешните најпрестижни филмски награди „оскари“.
– Оскаровските дружења започнаа. Им посакувам на сите да уживаат во овие извонредни денови кои следат – напишаа на Фејсбук Љубомир Стефанов и Тамара Котевска.
„Медена земја“ влезе во изборот за номинација за „оскар“ во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм.
Доделувањето на „оскарите“ ќе се одржи на 10 февруари.