Вилија Виткуте својата инспирација ја пронашла откако првпат направила серија уметнички дела цртајќи племенски мотиви по телата на другите. Таа овој серијал, наречен „Други видови“, го започнала во Шведска, кога првин се исцртала себеси, а потоа нејзините пријатели и така настанал овој проект. Тогаш таа решила да продолжи да се занимава со цртање по тела. Нејзините дела се поврзуваат со себството, конекцијата со другите, но и поврзувањето со природата.
– Преоектот „Други видови“ е посветен на враќањето кон природата и гледање низ „праисториските очи“ и разбирање на јазикот на природата – вели Виткуте за својот проект.