На улица „Македонија“ во центарот на Скопје денеска се одржува традиционалната манифестација Денови на македонскиот мед.
Манифестацијата се одржува 17. година по ред, во организација на пчеларското здружение „Матица“.
Посетителите имаат можност да дегустираат, но и да купат различни видови мед и други пчелни производи од македонски пчелари.