Брзината на реакцијата на грчките борбени авиони Ф-16 при патролирањето на воздушниот простор над Македонија беше прикажана со прелетот на борбените авиони на НАТО над Скопје во рамки на денешната вежба.
Во вежбата беше прикажано сценарио во кое владиниот авион „Лирџет“ ја губи комуникацијата со контролата на летање, по што од македонската база интервенираат во НАТО-базата и веднаш се вклучуваат грчките борбени авиони Ф-16, кои по воспоставувањето комуникација со авионот, го приземјуваат.
По завршувањето на вежбата, АВАКСОТ на НАТО и два авиона Ф-16 слетаа на скопскиот аеродром.