Американски астронаути и авијатичари минатиот месец тренираа во Хјустон, САД, за мисијата со екипаж на вселенското летало „Старлајт“ до Интернационалната вселенска станица, која би можела да биде од корист за транспорт на туристи при идни вселенски мисии.
Тренингот се одвиваше во лабораторијата на Американската вселенска агенција (НАСА) во близина на вселенскиот центар Џонсон во Хјустон.
Мисијата првобитно предвидена за месецов, беше одложена за крајот на годинава или за 2020 година, поради технички проблеми и кадровските промени во НАСА.