Сакаме школо. Сакаме повеќе лектири. Давајте домашни – Не се издржува веќе!!! Секој ден математика. Секој ден за ужинка – Грашок и боранија, беа дел од пораките кои дечињата заедно со Ивце Пивце ги носеа од плоштад Македонија до Рамстор Мол.
Многу првачиња и вторачиња вчера уживаа во преубавиот марш кој го означи првиот училишен ден. Маршот заврши во Рамстор Мол каде беа доделени ваучери за првите 100 дечиња, а во квизот на Ивце Пивце беа наградени многу дечиња со голем број подароци. Погледнете дел од атмосферата од маршот по повод кампањата „Конечно школооооо“.