Модниот стил на Меланија Трамп претставува начин за луѓето да ја разберат, со оглед дека првата дама на САД ретко се обраќа во јавноста, пренесува Си-ен-ен.
Откако нејзиниот сопруг Доналд Трамп стапи на функцијата, забележлива е промена во стилот на убавата Словенка. Таа тврди дека го носи тоа што го сака, но нејзината облека е поконзервативна, во однос на претходно, кога претпочиташе да облекува мини-здолништа и фустани.
Меланија Трамп имаше и повеќе модни гафови, како што е случајот со палтото со натпис „Не ми е грижа, а тебе?”, што го носеше за време на посетата на Центарот за деца-мигранти во Тексас, во јуни.
