Македонските граѓани гласаа под специфични услови на денешните десетти парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право на глас имаа 1.814.263 гласачи.
Низ фотографиите на Игор Бансколиев и на Маја Јаневска-Илиева прикажан е изборниот процес на повеќе гласачки места.
За овие избори немаше вообичаена изборна кампања, а ќе бидат специфични и по начинот на гласање, со мерки и препораки за заштита од коронавирусот.
Гласањето кое траеше до 21 часот, помина мирно и без посериозни инциденти.