Во скопската Зоолошка градина врие од живот. Се роди мало еленче, кое можете да го видите со неговата мајка.
Еленот е силно и големо животно. Рогови има само мажјакот, кои почнуваат да му растат 8-10 месеци по раѓањето. Роговите на еленот редовно му паѓаат кон крајот на февруари или во почетокот на март, а до јули му се развиваат нови, уште посилни рогови. Влакното на еленот е кусо, лете е со црвенкасто-кафеавкаста боја, а зиме станува сиво-кафеаво.
Тука се и малите лемурчиња, кои имаат издолжено лице кое наликува на лисица и долги канџи. Во текот летото, бидејќи температурите се високи, во скопската зоолошка градина претпочитаат да им направат сладолед, со намера да ги освежат. Лемурите се ноќни животни, кои живеаат во прашумите на Мадагаскар, Африка и во некои делови на Азија. Во минатото живееле во Европа и Америка, каде се пронајдени нивни фосили.