Небото во близина на Ажевил во источна Франција во понеделникот беше ишарано како дел од фестивалот со балони „Гранд ест мондијал“.
Спектаклот, кој е еден од најголемите од ваков вид, беше обид да се собори светскиот рекорд за бројот на балони со топол воздух што летаат помалку од еден час.
Рекордот беше поставен од истиот фестивал во 2017 година.
Вкупно 456 балони го исполнија небото, но не успеаја да го соборат рекордот постигнувајќи ист број како во 2017 година.
Настанот се одржува секои две години во регионот Лорена во Франција.
Во прилог, галерија на британски „Гардијан“ од необичниот спектакл на француското небо.