Настапите на повеќе големи ѕвезди меѓу кои беа Џенифер Лопез, Џон Леџенд, Ед Ширан, Дуа Липа, Аријана Гранде, го одбележаа доделувањето на музичките награди „Билборд“, кое се одржа ноќеска во арената „Гранд Гарден“ во Лас Вегас.
Џенет Џексон, која ја доби наградата за „музичка икона“, настапи на телевизија по пауза од девет години, изведувајќи сплет од нејзините најголеми хитови.
Кендрик Ламар, Ед Ширан и Бруно Марс беа номинирани во 15 категории, а Ширан го однесе признанието за најдобар изведувач.
Меѓу наградените беа и Калид (најдобар нов изведувач) Камила Кабелјо (достигнување на музичките-листи), Тејлор Свифт (најдобра изведувачка), Imagine Dragons (најдобра група), Кендрик Ламар (најдобар рап-изведувач) итн.
Кели Кларксон која ја водеше церемонијата, ја отвори вечерта со оддавање почит на жртвите во оружениот напад во средно училиште во Тексас, што се случи во петокот. Изведувачите му оддадоа почит и на шведскиот диџеј Авичи кој почина минатиот месец.