Големи пожари во Калифорнија уништија повеќе од 8.000 километри квадратни, што е подрачје речиси за 80 пати поголемо од Париз, принудувајќи многумина од жителите да побегнат. Ова е првпат во изминатите 33 години пожарите да надминат територија од два милиони хектари.
Околу 14.000 пожарникари се борат со пожарите, повеќе од 3.300 објекти се уништени, а осум лица го загубија животот. Низ Јужна Калифорнија на луѓето им беше наредено да евакуираат и да се засолнат.