Познатиот пулмолог Ангелко Ѓорчев, татко на поранешниот пратеник Владимир Ѓорчев, е 73-годишниот Македонец кој паднал во кома откако се вкацинирал вчера во Ниш, Србија.
Влатко Ѓорчев на својот Фејсбук објави дека неговиот татко е во длабока кома и се бори за живот на респиратор во Ниш.
– Вчера рано наутро (недела) тргнал за Ниш да се вакцинира, затоа што неговата сакана Македонија тотално потфрли со вакцините. Појде на вакцинација заедно со неколку негови колеги доктори. Стар човек (роден 1948 година), со 3 бајпаса и 3 стента. Отиде за Ниш, затоа што цела година беше дома. Речиси без излегување, со минимум, минимум социјални контакти поради ковид кризата. Татко ми има 72 години, а цели 45 години е доктор. Лечеше ИЛЈАДНИЦИ и ИЛЈАДНИЦИ луѓе на Клиниката за пулмологија во клиничкиот ценатр во Скопје. Спасуваше и спасува животи. Има пациенти од СЕКОЈ град речиси секое село. Низ цела Македонија, која толку многу ја сака. Да, силно ја сака Македонија и секогаш ќе ја сака со целото свое срце и битие.
И, после 45 години стаж во лечење и медицина, власта во неговата сакана Македонија НЕ му обезбеди 1 (една) обична вакцина. Не обезбедија вакцини речиси за никого – напиша Ѓорчев.