Досегашниот вршител на должноста Реис, Шаќир Фетаху, е избран за нов поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ) во Македонија. Тој доби поддршка од 18 муфтии и раководители на исламските верски заедници на денешната седница на Ријасетот, наспроти трите гласа кои ги додека неговиот противкандидат Ќани Несими.
Фетаху доаѓа на местото на Сулејман Реџепи кој поднесе оставка во мај. Фетаху во изминатите шест месеци беше в.д. Реис, со што сега официјално ја презема функцијата.