Утврдувањето на начинот на кој наставата ќе се одвива од септември ќе зависи од процената на епидемиолошката состојба и треба да се почитува стручното мислење на Комисијата за заразни болести, кажа министерката за образование и наука Мила Царовска која денеска беше во посета на средните стручни училишта во Охрид.
Таа додаде дека избраниот хибриден модел на наставата годинава дал одлични резултати, без застој во образованието, а притоа било заштитено здравјето на учениците и на наставниците, како и колективното здравје.
Царовска истакна вакцинацијата на наставниот кадар моментно претставува фокус на МОН.
Во врска со протестот против најавената дигитализација на дел од учебниците кој е закажан за утре, министерката посочи дека барањата главно се насочени на враќање на предметот етика на религии, за која нагласи дека е изборен предмет, но и за исклучување од наставата на родово сензитивно образование.