Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска учествуваше на 63-та сесија на Комисијата за статусот на жените на Обединетите нации, тело посветено на промоција на родовата еднаквост и правата на жените секаде низ светот, на која имаше обраќање за темата „Насилство врз жени и девојки во Југоисточна и Источна Европа“, во организација на ОБСЕ, UN Women, UNFPA и ЕУ.
– Насилството врз жените не познава национални и култулорошки граници, ова е проблем кој зазема меѓународни пропорции. Борбата за правата на жените е европска, но и светска вредност. Начинот на кој државите се справуваат со овој проблем значително се одразува на степенот почитувањата на правата на жените. Република Северна Македонија, како членка на Обединетите нации и Советот на Европа, ги ратификуваше најважните меѓународни и регионални договори за заштита на човековите права- истакна Царовска од Њујорк.
Република Северна Македонија ја ратификуваше Конвенцијата за превенција и борба против насилство вро жени и домашно насилство во декември 2017 година.
– МТСП, заедно со Министерството за здравство и телата на Обединетите нации отвори три центри за жртви на сексуално насилство и обучи повеќе од 50 професионалци кои работат со нив. МТСП работи заедно со граѓанските организации во процесот на креирање услуги за жртвите на родово базирано насилство, кои ќе ги вклучат ранливите категории на жени- посочи министерката.
Овогодинешната фокус тема на Комисијата за статусот на жените на Обединетите нации е „Системи за социјална заштита, пристап до јавни услуги и одржлива инфрастуктура и јакнење на жените и девојките“.