Времето утре ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните два дена, како што најавуваат од УХМР, ќе преовладува променливо облачно и свежо време со слаб локален дожд, а в петок ќе дува засилен северен ветер. Стабилно, сончево и топло ќе биде во деновите од викендот.