Владата на Република Македонија на денешната 99. седница ги разгледува нацрт амандманите на Уставот на Република Македонија, што денеска треба да ги достави до Собранието на Република Македонија.
Како што соопшти владината прес-служба, на дневниот ред се и Информацијата за потребата од донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, заради склучување Анекс бр.3 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид.
На предлог на Министерство за транспорт и врски, на денешната седница е и Предлогот на закон за спречување на корупција и судир на интереси.
Од Владата најавија дека по седницата прес-коференција ќе одржи премиерот Зоран Заев.