На предлог на Министерството за труд и социјална политика, министрите денеска го усвоија предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, со кој се овозможува сеопфатен пристап и одговор во справувањето со насилство врз жената и семејното насилство, почитувајќи ги човековите права во согласност со меѓународните стандарди.
Со овој закон се уредуваат превенцијата и мерките за заштита од родово базирано насилство врз жените и семејното насилство, постапувањето на институциите за заштита на жените од родово базирано насилство и семејно насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите, услугите за заштита на жртвите и собирањето на податоци за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство.