Се полнат складиштата на мазут во ТЕЦ Неготино со количини за стартување на термоцентралата и континуирано производство на електрична енергија во текот на следната недела, инфорираат од АД Електрани на Македонија (ЕСМ).
– Мазутот се доставува со секојдневна динамика според пресметките на капацитетот за прием – додаваат од таму.
Заеднички увид во подготовките на термоцентралата извршија генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, генералниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ и членови на управните одбори на двете акционерски друштва.
ТЕЦ Неготино годинава се вклучува во услови на глобална енергетска криза и енормен раст на цената на електричната енергија, поради кои околности производната цена на оваа термоцентрала, која во нормални околности беше висока, сега е пониска од цената на берзите, објаснуваат од ЕСМ.
Од таму додаваат дека ТЕЦ Неготино, како државна електрана, има статус на ,,ладна резерва” во електро-енергетскиот систем и од страна на вработените постојано се одржува во состојба на готовност.