Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер претежно од источен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 12 и 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Температурата ќе се движи од 19 до 39 степени.
Под влијание на топол бран утре и во среда максималните температури насекаде ќе бидат над 30, а на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Од среда до петок во попладневите часови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Зголемената влажност на воздухот ќе допринесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените.