„ТЕ-ТО“ АД Скопје целосно ги демантира наводите на Управата за финансиска полиција изнесени на прес-конференцијата одржана во петокот, преку соопштение испратено до медиумите.
– Компанијата работи согласно законите на државата уште од нејзиното основање и така ќе продолжи и во иднина. Тоа ќе го докажеме во правна постапка и ќе ги преземеме сите неопходни правни дејствија за заштита на дејноста и имиџот на компанијата од неосновани обвиненија – се наведува во соопштението.