Министерот за правда Бојан Маричиќ на заедничка прес-конференција со претседателот на Здружението на судиите Џемали Саити, изјави дека е постигната согласност за зголемување на платите на судиите за 15 отсто.
– По повеќе години дебати со Здружението на судии дојдовме во фаза каде што постигнавме согласност и сериозен напредок во нашите разговори. Денес на нашата средба се договоривме дека има согласност од Владата и Здружението на судии за зголемување на платите на судиите во вкупен износ од 15 отсто. Тоа зголемувањето ќе се одвиваат постепено, односно 10 осто оваа и 5 отсто следната година – изјави Маричиќ.
Според министерот за правда постигната е согласност разговорите да продолжат и согласно можностите да се овозможи дополнително зголемување за 5 отсто во 2023 година, со што ќе се дојде до посакуваната цел за вкупно зголемување на платите на судиите од 20 отсто.